Првиот ден од седмицата е особено тежок за сите работни луѓе. Или барем за повеќето од нив. Знаете ли дека 50% од нас доцнат за работа во понеделник, а продуктивноста ни е за околу 30% помала од останатите денови?
Еве уште 5 научно докажани факти за првиот ден од седмицата:
1. Ова е денот во кој е најдобро да купиме автомобил. Зошто? Бидејќи по викендите трговците се најмногу склони да дадат поголеми отстапки.
2. Понеделник е денот на самоубиства. Вкупно 16% од самоубиствата кај мажите и 17% кај жените се токму на овој ден, во споредба со 13 проценти за викендите.
3. Повеќето луѓе не се насмевнуваат пред 11.16 часот во понеделник.
4. Според статистиката во понеделник е најмалку веројатно да врне.
5. Луѓето на возраст меѓу 45 и 54 години се најсериозни во првиот ден од седмицата.