Можеби до сега успешно се вадевте дека стомакот ви е „пивски“, ама ќе морате да побарате подобар изговор.
Вистината е дека за вишокот килограми се виновни некои други фактори, а не пивото. Најновото истражување објавено во Men’s Health не само што го потврдува ова, туку и открива дека пивото е ефикасен борец против килограмите.
Конзумирањето на пиво ја подобрува работата на жолчката, со што се забрзува исфрлањето на мастите. Бидејќи содржи и многу влакна, две чаши пиво релативно долго ќе ве чуваат сити. Дополнително, силициумот, со кој е богато пивото, го смалува внесот на алуминиум во системот за варење. Во превод, се забавува таложењето на метали во мозокот, што е голем плус во борбата против Алцхајмеровата болест.
Љубителите на пиво имаат уште една предност пред оние што не го сакаат – имаат далеку помал ризик од срцеви заболувања.