Главно обележје: Опсесија со бисери и Mise en Dior обетки.
Изглед кој зрачи со едноставност, но и тренди детали. Стил кој покажува софистицираност, елеганција, разиграност и, се разбира, висока мода, а сепак достапна за сите. Нежен накит, во вистинска комбинација на злато и бисери. Црните потпетици со големи машни на страна ја даваат разиграноста, а целокупниот изгелд е дополнет со чантичка во облик на касета, која ја дава потребната острина на стилот.