Земјата располага со резерви на нафта за уште 53 години

Земјата располага со резерви на нафта за уште 53 години и 3 месеци, се посочува во студијата направено по нарачка на Бритиш Петролеум. Прогнозата е базирана на сегашните стапки на принос.

Според информациите под површината на земјата преостанати се 1.687,9 милијарди барели од „црното злато“, што е за 1,1% повеќе од оценката на аналогната студија направена во 2013 година. Од Бритиш Петролеум прецизираат дека оптимистичка прогноза се должи на можноста за хоризонтално дупчење во Бејкон и Игл Форд, во САД. На овој начин од полињата можат да бидат извлечени вкупно 44.2 милијарди барели нафта или за 26% повеќе отколку што претходно се предвидуваше.

Од енергетска компанија прецизираат дека ова е само прогноза. Постои голема веројатност нафтата да не биде исцрпена за овој период, бидејќи под површината на земјата постојат многу неоткриени наоѓалишта. Постојат и занемарувачки шанси светот да открие подобра и поголема еколошка алтернатива на „црното злато“.

 

- Реклама -