Ќе бидеме кратки и јасни, бидејќи нема поента да се убедуваме или да ве уверуваме дали треба да дојдете или не. Оној кој знае за што станува збор, ќе ги откачи сите навидум побитни обврски и на ова никакво топло време ќе дојде до Драмски, а и оние кои незнаат, од љубопитност ќе свратат, барем на едно пивце.
Скопскиот PUBSTOMP започнува во 17:30 часот (иако сигурно и порано ќе пристигне некој), во кафе-барот на Драмски (Шекспирова бб), на 18-тти Јули (петочно). Овогодинешниот International ќе може да се проследи на платно, а подобар начин за гледање на стриминг во живо со сите пријателчиња- Dota 2 ентузијасти едноставно нема!
Следете го Скопскиот PUBSTOMP настан на Facebook тука.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk