Нови докази за (не)постоењето на Јети и Бигфут

Во 2012-та, научниците од Оксфорд, како и зоолозите од музејот во Лозана, упатија отворен повик до сите останати научници, музеи и фанови на Бигфут, да споделат било какви примероци и докази за кои сметаат дека припаѓаат на легендарното суштество.
Денес, откако прегледале повеќе од 30 примероци од влакна за кои се верува дека зад себе ги оставиле Бигфут, Јети или слични митски суштества, научниците утврдиле дека секој од тие примероци потекнува од мечки, волци, крави и ракуни. Тимот анализирал 36 примероци од Бутан, Индија, Индонезија, Непал, Русија и Америка, користејќи ДНК секвенцирање. Заклучокот е дека анализираните семплови во целост се совпаѓаат со ДНК семпловите од животните што се многу добро познати за човештвото.

HohRainForest[1]

„Сметав дека постои 5-процентна шанса да најдеме примерок од Јети, Бигфут или други примати со аномалии… Фактот што ниту еден од овие примероци не им припаѓа на Јети или Бигфут, не значи дека и следниот примерок ќе биде таков“, дипломатски изјави Брајан Сајкс, предводник на истражувањето.

Патем, најмистериозниот момент од сета анализа се двата примерока што се најдени на Хималаите и потекнуваат од древни поларни мечки, за кои се верува дека никогаш не живееле на тие простори.

- Реклама -