Малку напрченото носе прави дамите да изгледаат женствени, утврдија научниците, според кои аголот помеѓу врвот на носот, усните и челото треба да биде точно 106 степени, соопштува весникот “Дејли телеграф”.Некои носеви водат надолу, други изгледаат овенати, долги и мажествени, додека оние кои се малку исправени со агол над 90 степени ја зголемуваат женственоста. Истражувачите дошле до заклучок дека аголот од 106 степени е оптимален агол, но бидејќи студијата е спроведена со користење на слики на млади, бели жени, откритието може да не важи за сите раси и етнички групи, додаваат тие.
Резултатите од истражувањето, беа објавени во списанието JAMA Facial Plastic Surgery, а истите можат да им помогнат на козметичките хирурзи да ги усовршуваат естетските процедури. Претходните истражувања во ринопластиката не стигнаа до консензус кој е совршен агол на носот спрема женското лице.
Научниците им покажале на група од 106 лица фотографии на различни жени на возраст меѓу 18 и 25 години, кои биле сменети со агол на носот од 96, 101, 106, 111 и 116 степени спрема лицето. Резултатите покажале дека 106 степени е најпривлечниот женски агол. Одделно онлајн истражување меѓу близу 4.000 лица ги дало истите резултати. Кај мажите аголот од 90 степени спрема лицето се смета за привлечен, бидејќи го прави лицето повеќе мажествено, утврдиле уште истражувачите.