Озборувајќи ги соседите

Млад пар се преселил во нова куќа. Следното утро додека појадувале, жената се загледала во соседката која што пружала алишта на жица.

„ Не и се баш чисти“, рекла таа. „ Не знам како се пере, но веројатно и треба подобар прашок“.

Мажот го тргнал погледот, не велејќи ништо.

Секој пат кога нејзината комшивка сушела алишта, младата жена имала ист коментар.

Месец дена подоцна, жената се изненадила кога погледнала прекрасна и чиста долна облека на жицата преку прозорецот, па  му рекла на својот маж:

„ Погледни, најпосле научила. Кој ли ја научил?“

Мажот и одговорил: „ Јас утрово станав порано, па ги исчистив прозорците.“

Така е и во животот. Она што го гледаме додека ги надгледуваме другите, зависи од чистотата на прозорците низ кои што гледаме.

Мисла на денот

- Реклама -