Се возеле 10 македонски бизнисмени во авион, одеднаш авионот паднал во пустина.
Среќа сите преживеале, па решиле да се состанат да смислат што да прават.
Првиот ден само се запознавале и се фалеле за своите успеси.
Вториот ден, откако увиделе дека се сосема сами, се договориле да формираат здружение на бизнисмени.
Третиот ден…
донеле одлука за поскапување на песокот.