Најпознатите криви кули во светот

Сите ја знаат Кривата Кула во Пиза, една од најпопуларните градби во светот. Таа била започната во 1173 година и минала низ три фази и вкупно 177 години, но градбата почнала да тоне во меката подлога уште во 1178 година.

Пред реставрацијата помеѓу 1990 и 2001 година кулата била навалена под агол од 5,5 степени, сега намален на малу помалку од 4 степени. Но во светот има многу други криви кули. Покрј онаа во Пиза, Италија има неколку други, повеќето во Венеција.

Кулата во Базиликата Сан Петро ди Кастело, на еден од многуте острови во венециската лагуна потекнува од петнаесетиот век (лево). Исто така во Венеција е и камбанеријата од црквата Сан Мартино на островот Бурано (десно) која изгледа како да е подотвена да падне.

Најбогатите фамилии во Средновековна Болоња изградиле многу кули но само неколку опстанале до денес. Двете најпознати се Кулата Асинели и Кулата Гарисенда и двете се навалени. Во четиринаесетиот век од врвот на Кулата Гарисенда биле отстранети повеќе од 12 метри за да се спречи нејзин пад но таа се уште е навалена три степени.

Постојат неколку легенди поврзани со црквата Св. Мери и Сите Светци во Честерфилд, Англија и нејзиниот извртен покрив. Наводно кога во црквата се венчала девица покривот се извртил за да провери дали тоа е вистина. Вистинската причина најверојатно е недостигот на искусни работници по Црната Чума.

Неискусните работници употребиле сирово дрво кое во наредните неколку децении се извртело под тежината на 15 тони оловни керамиди. Во моментов покривот е извртен 45 степени и е навален 290 сантиметри од оригиналниот центар.

Кулата Невањск во рускиот град Свердловск била изградена во почетокот на осумнаесетиот век. Кулата е висока 57,6 метри и е навалена околу 2,1 метар од вертикалата.

- Реклама -