Трик кој ќе го одложи скапувањето на салатата

Марулата и останатиот зеленолистен зеленчук е најтешко да се сочуваат од омекнување, бидејќи штом листовите ќе дојдат во контакт со влага веднаш доаѓа до скапување. Но со овој едноставен трик кој ви го откриваме во продолжение, ќе дознаете како да го одложите овој процес.

За да би го сочувале вишокот на марула свеж и до една седмица, потребно е после темелното миење со вода да ги преместите лисјата во сув сад, и на самиот врв на салатата да ставите салфетка, кој подоцна ќе го прекриете со пластична фолија. Салфетката ќе го апсорбира вишокот на влага од лисјата, кои на овој начин ќе останат крцкави и свежи подолго време.

Совет: 

Добро е салатата да биде барем малку влажна пред да ја ставите во фрижидерот, а трикот со салфетката можете да го примените и со други видови на зеленчук.

- Реклама -