Apple ги збесна хејтерите – iOs 8 е копија на Android

Apple успеа да привлече огромно медиумско внимание во изминатиот период полно со написи за новиот iPhone 6, iWatch, како и новите апликации и опции во обновената верзија на iOs 8 која мора да се признае дека ги примени речиси сите функции на Android, но на многу генијален начин кој нема да предизвика реакции дека се работи за намерно копирање, туку дека е резултат на внимателно истражување и посветеност.

Apple ги ставa новитетите во софтверот секогаш во фиока се додека медиумите не збеснат со шпекулации за тоа што ќе понуди следно, конкрентно во изминатиот период за iOs 8 кој премногу се доближи и наликува на Android со огромни можности за корисникот да одбере што најмногу му треба од софтверските додатоци.

Во новиот iOs 8 ќе добиеме ценатар за известувања и активни нотификации кои од старт ќе може да ги користите, односно да вратите на порака, меил, позив или пак да се вклучите на некоја од социјалните мрежи. Промени има во отвoрeноста на платформата кон надворешни партнери кои ќе може да го синхронизираат своите апликации со iOs 8, како што се виртуелните тастатури.

Една од најочекуваните апликации HealthBook ќе им донесе на iOs 8 корисниците еднаков третман како и Android фановите со следење на фитнес активностите, мониторинг на виталните функции и правење распоред на вежбање и следење на исхраната, што не е ништо ново.

Гласовниот асистент Siri ќе може да се активира само со гласовни комадни идентично како и Google Now со зборовите Hello, Siri, а ќе може да препознава и песни со позајмената функција од апликацијата Shazam. Скенерот за отпечатоци Touch ID исто така ќе работи со надворешни апликации, како што со Samsung Galaxy S5 може да одобрите трансакции со отпечатокот од прстот.

Како што напоменавме Apple одигра генијално и сите корисници на iPhone ќе добијат впечаток дека нивната платформа се развива со одлично темпо и дека компанијата пред секоја надградба ја усовршува секоја софтверска алатка за да се постигне врвна функционалност и не брза со натрупување на софтверот со се и сешто, како што е во случајот на Samsung.

Конечната оценка за iOs 8 ќе ја дадеме наесен кога ќе може навистина да се увериме во новите можности на софтверот и дали сите новитети функционираат подобро од понудата на Android.

Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk

- Реклама -