Нова идеја за мусака: Ред домати, ред моцарела

Мусаката не мора да биде традиционална комбинација на компир и месо. Испробајте го овој нетрадиционален вкус, за кој што веруваме дека ќе ви се допадне многу.

Потребно е:

1 кг. модар патлиџан,

600 гр. домати,

250 г. моцарела,

1 лажица путер,

3 јајца

 

4 лажици  павлака за готвење,

2 лажици млеко,

1 до две парчиња магдонос,

сол

бибер

Подготовка

Измијте го модриот патлиџан, излупете го и исечете на парчиња, па почекајте да пушти вода. Потоа измијте го доматот исто така излупете го и исечете на парчиња.

Намачкајте огноотпорен сад со путер, па редете ги најизменично модниот патлиџан, доматот и моцарелата. Секој ред посебно зачинете го со сол и бибер. Изматете ги јајцата со млеко и павлаката за готвење, зачинете по вкус и додадете го магдоносот. Мусаката испечете ја во рерна 40 – 50 минути, на 200 степени.

- Реклама -