Специјалистите на NASA започнаа да работат на создавање на мотор со деформација на просторот, кој мора да се надмине брзината на светлината. Се претпоставува дека со новиот мотор земните вселенски бродови ќе можат да прелетаат 4,3 светлосни години, колку што е растојанието до Алфа Кентаур, само за 2 недели.
Проектот “Speeds” е базиран на равенката на физичарот Мигел Алкубиере (Miguel Alcubierre), кој во 1994 година предложи механизам за деформација на простор-времето пред и зад вселенскиот брод, со тоа што самиот брод ќе се наоѓа меѓу двете области со различни својства. На овој начин брзината на светлината нема да биде надмината, а просторот пред и зад вселенскиот брод ќе се проширува и намалува со многу голема брзина.
За почеток, специјалистите на NASA ќе се обидат да остварат минијатурна деформација на просторот, со помош на ласери за промена на просторот и времето со фреквенција од 10 милиони херци. Во моторот ќе има вграден интерферометер на Мајкелсон-Морли, кој со голема прецизност ќе ги мери микроскопските промени во континуумот простор-време.
Новиот мотор може и да изгледа малку несериозен, но инженерите на NASA не сметаат така, а резултатите од нивната работа се објавени во Beforeitsnews.
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk