Економичен чистач на дамките и насобраниот камен од чешмите

Во деновите кога сте решени темелно да го исчистите вашиот дом, не постои нешто пообесхрабрувачко од тврдокорните дамки од вода и остатоците од камен на чешмата. Но, со овој едноставен трик, можете да го спречите нивното повторно наталожување.

Имено, откако добро ќе ја исчистите и пребришете славината, едноставно земете еден лист мрсна (восочна) хартија со која темелно ќе ја истриете.

Мрсната заштита од восок ќе го одложи повторното појавување на дамки и камен, и ќе остави заштитен слој од кој капките вода ќе се слизнуваат без да се задржуваат на чешмата.

60960648-mrlje-kamenac-ciscenje

- Реклама -