Изберете соодветни очила за сонце, според обликот на лицето

Како да изберете очила кои што најдобро одговараат на вашиот облик на лице? Морате прво да знаете што да избегнувате, а кон што да целите.

За да купите очила кои што ви одговараат на вашиот облик на лице, добро погледнете се во огледало и воочете кој поглед го имате.

Тркалезно лице

okruglo

За да го заблажите округлиот облик на лицето, бирајте рамки со рамни линии и квадратен облик. Избегнувајте округли форми. Бојата може да биде темна, бидејќи темните бои совршено го балансираат обликот на лицето.

Квадратно лице

cetvrtasto

За разлика од округлото, овој вид не поднесува остри рабови. Бирајте тркалезни рамки во стилот на Џеки О, кои ги одбележаа 70-тите години. Тоа визуелно ќе ја „омекне“ линијата.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Овално

ovalno

Луѓето со овално лице се среќни, бидејќи нив им одговара речиси секој облик на очила за сонце. Единственото за што морате да внимавате е големината да биде пропорционална со главата.

Лице со облик на срце

srcevidno

 

Сrцевидното лице, некои го нарекуваат дијамант,  го опишуваат истакнати јаболчници и чело. Избегнувајте премногу широки наочари. Вам ви одговараат облици како авијатичарските очила кои ќе ги избалансираат нагласените делови.

Долгнавесто лице

dolgnavesto

Долгнавестото и издолжено лице совршено ќе го надополнат рамки кои го заобиколуваат предниот дел од лицето, над носот.

Триаголно лице

Triangle-L_A1

 

Овој облик на лице го опишуваат широкото чело и брада. Ќе ви одговараат тенки, метални рамки. Обидете се да не ви биде нагласен горниот дел од лицето.

- Реклама -