Тешко повреден во лифт: Поминал 34 ката за 15 секунди и се забил во покривот (видео)

Чилеанскиот весник Publimetro известува за ужасна несреќа во која настрадал 30-годишниот Хозе Вергара. Дефектниот лифт го лансирал несреќникот преку целата 34-катница за само 15 секунди, завршувајќи во покривот. Иако преживеал, Вергара добил сериозни повреди и скршеници на ‘рбетот и колковите и најверојатно никогаш повторно нема да прооди. Во моментов е на интензивна нега на клиниката Санта Мариа, Провиденција.

Несреќата се случила минатиот петок, кога Вергара се качил во лифтот во зградата во која живее заедно со својата сопруга. Како што може да се види и од снимката од безбедносната камера, лифтот тргнал со отворени врати, а веќе од вториот кат започнал нагло да забрзува, се додека не се случил ударот.

Соседите се згрозени од настанот, истакнувајќи дека веќе одамна е познато дека лифтот е дефектен. Според реакциите што можат да се прочитаат на Интернет, проблемот со одржувањето на лифтовите во Чиле е се посериозен од ден на ден, а бројот на несреќите константно расте.

- Реклама -