Можеби ги миете рацете, пиете цедени сокови, избегнувате контакт со болни луѓе, и сепак сте настинале.
Што правите погрешно? Овие не толку очигледни работи можат да го ослабнат вашиот имунитет.
Воздухот околу вас е загаден
Сиот тој смог кој го вдишувате не прави ништо добро на вашите бели дробови, а ни на вашиот имунитет. Едно истражување покажало дека валканиот воздух ги потиснува Т-клетките, кои се од суштинско значење за вашиот имунолошки систем, и предизвикува додатно воспаление во телото.
Решение: Инвестирајте во прочистувач на воздухот дома. Додека не можете да го конторлирате квалитетот на воздухот надвор, барем имате можност да дишете лесно и чист воздух во затворен простор.
Седите поголемиот дел од денот
Ако работите во канцеларија, вашиот задник веројатно го троши поголемиот дел од времето „засаден“ на столчето. Тоа може да го забави вашиот метаболизам, кој за возврат предизвикува вашето тело да апсорбира хранливи материи многу побавно од нормалното кои му се потребни на вашиот имунитет.
Решение: Секој половина час, излезете надвор на пет минути. Овие мали движења ќе ги активираат мускулите и вашиот метаболизам.
Ги избирате погрешните продукти за убавина
Пудрата, коректорот, карминот и другите козметички продукти не стојат само на вашата кожа- вашето тело ги апсорбира во текот на денот. Некои содржат вештачки (можеби и токсични) состојки, какоо натриум лаурил. И бидејќи вашиот имунолошки систем не ги разградува овие компоненти, штетните работи од нив можат да пројдат преку вашата внатрешна одбрана.
Решение: Одберете природен изглед, или продукти основани на природна база. Општо земено, помалку производи за убавина, толку побезбедно за вашиот имунолошки систем.
Ѝ се предавате на брзата храна
Омилените колачиња сигурно мирисаат многу убаво, но некои печива ги нарушува Т-клетките и Б-клетките во вашето тело, кои се од витално значење за „борците против болести“.
Решение: Јадете продукти од цели зрна, кои имаат имунолошки-заштитни влакна, и јадете домашно зготвена храна.
Редовното спиење не ви е приоритет
Ова е една од многуте причини зошто ви е потребен сон. Ако вашето тело не произведува доволно мелатонин додека спиете, вашиот имунолошки систем не може да произведе доволно бели крвни клетки за да се изборат со бактериите и да го заштитат вашето тело.
Решение: Имајте за цел да имате седум до осум часа сон секоја ноќ.
Вашата исхрана содржи премногу протеини
Прекумерното внесување на протеини- особено од животинско потекло- предизвикува вашето тело да произведе повеќе IGF1 хормон, кој е познат по забрзеното стареење и му попречува на вашиот имунолошки систем.
Решение: Не повеќе од 10 проценти од вашиот дневен оброк не треба да доаѓа од животинско потекло (како месо и млечни производи).
Поголемиот дел од денот го поминувате сами
Осамените луѓе имаат тенденција да бидат помалку флексибилни околу стресот, па нивниот имунолошки систем страда.
Решение: Распоредете дел од денот за дружење со вашите пријатели, колеги, па дури и соседи. Луѓето со повеќе контакти имаат поголема отпорност на инфекции.
Го задржувате стресот
Можеби мислите дека работите добро под притисок, но хроничниот стрес го зголемува нивото на кортизол, кој го намалува нивото на хормоните како тестостерон и естроген. И кога нивото на хормоните се дисбалансирани, вашиот имунолошки систем не може да одговори на заканите толку брзо.
Решение: Ако сте постојано под стрес, време е да научите да се опуштите. Пробајте со редовно вежбање.
Вашата исхрана не вклучува доволно добри масти
Да, треба да избегнувате транс масти и заситени масти. Но здравите масти- од риба, авокадо и ореви- имаат анти-воспалителни својства кои помагаат во регулирањето на вашиот имунолошки систем.
Решение: Исбегнувајте преработена храна, и ограничете го внесувањето на животинско месо (кое е полно со заситени масти). Во меѓувреме, можете да јадете лосос, сардина, бадеми и кељ во вашата исхрана, бидејќи тие се одликуваат со здрави омега-3 и омега-6 масти.
Јогата не е дел од вашиот режим на вежбање
Секој вид на вежбање е подобар од никаков, но јогата има најмногу влијание врз вашиот имунитет. Јогата ја стимулира циркулацијата во телото, дигестивниот, нервниот и еднокриниот систем, кои сите работат на зајакнување на имунолошкиот систем.
Решение: Без разлика дали сте почетник или искусен јога мајстор, постојат многу пози кои помагаат во ослободување на телото и умот.