Мередит Фахи и нејзиниот сопруг Џошуа Вотау отсекогаш сакале повеќе од обична свадба.
Кога нивниот прв избор за место – една библиотека, отпаднал од игра, тие избрале да направат свадба во нивниот омилени ресторан во Лос Анџелес, чија што тема на дизајн е волшебникот Хари Потер.
„И двајцата сме големи фанови на Хари Потер. Многу пати среде ноќ сме ги гледале филмовите заедно, а книгите сме си читале еден крај друг. Тоа е една од нашите омилени занимации. “- Раскажува Мередит.
Невестата дури има и тетоважа од филмовите на своето рамо.
Двајцата се сретнале пред неколку години на интернет и еден од првите разговори им бил за серијата “Изгубени”.
„Секогаш сме сакале да споделуваме невообичаени интереси. Нашата прва средба беше во опсерваторијата Грифит, каде што тој ми понуди брак. ”
Мередит и Џошуа со часови разговарале за секој детал од свадбата и кои делови од серијалот “Хари Потер” да ги вклучат.
Роднините и пријателите им помогнале со поканите и другите додатоци.
Нејзината сестра направила и значки за келнерите.
„Наш пријател е пиротехничар и успеа да направи експлозија на огнениот пехар кога ги пуштивме имињата во него. Гостите беа прилично изненадени. ”
„Мислам дека успеавме, судејќи по ентузијазмот, со кој сите ја прифатија идејата.”