Ако ви здодеаа класичните рецепти за јадења од месо, обидете се со овој специјалитет што ви го предлагаме.
Потребно е:
2 главици лук, една шолја масло, четвртина шолја сос од соја, четвртина шолја сенф, третина шолја лимонов сок, пола лажица бибер, 1,5 кг. телешко.
Подготовка:
Сите состојки освен месото, ставете ги во блендер и сомелете ги, па во таа смеса тркалајте го месото, исечено на дебели шницли. Ставете го во ладилник да отстои 12 часа, па печете го на скара, секоја страна по 10 минути.
Наздравје!