Направете сами удобен кревет за вашето милениче

Сите ги сакаат своите миленичиња, но за жал не може секогаш да се каже истото и за цените во продавниците специјализирани за домашни животни. Така, понекогаш претставува невозможна мисија да се пронајде удобно креветче за прифатлива цена. Особено доколку вашето милениче е големо куче.

Водени од оваа причина, во продолжение ви прикажуваме четири симпатични кревети, кои со малку креативност, труд и мака можете да ги направите и самите, а да бидат поудобни и поекономични од купените.

1. Креветче сместено во стар куфер

Pet_Bed_1

Употребата на старите предмети станува се поактуелна при секојдневното декорирање на домот. Така, доколку ви се наоѓа некој сличен ваков куфер дома, еве на кој начин можете да го модернизирате. Изледа ретро, интересно, симпатично и најважно од се, навистина е практично.

2. Арт-деко креветче

Pet-Bed-2_616

Доколку имате дома стар кревет од кој сакате да се ослободите, еве на кој начин можете да го рециклирате, без да зафаќа премногу место.

3. Стара ТВ-комода

Pet-Bed-3_616

Оние кои веќе не го користат ова парче мебел, слободно можат да го вратат назад како дел од ентериерот. Одберете боја која ќе одговара на собата каде спие вашето милениче, постелете во долниот дел удобна перница, а горниот украсете го со фотографии или сувенири.

4. Фиока

Pet-Bed-4_616

Сигурно имате дома некое старо парче мебел кое ви фаќа прашина, а содржи фиоки. Еве на кој начин можете од нив да направите вистинско чудо за вашето милениче.

- Реклама -