Иако сè превите правилно, сепак константно чувствувате умор и недостаток на енергија.
Можеби сепак не правите сè како што треба. Проверете во што грешите и поправете го тоа.
Спијте повеќе
„Сонот е од суштинско значење за одржување на телесната тежина, изглед и за доброто расположение“, вели Кандис Куман, поранешен модел и автор на книгата „Cook Yourself Sexy, Pretty Delicious i Clean Green Drinks“. „Освен тоа, недостатокот од сон може да ве направи помалку продуктивни на работа, влијае на вашето расположение и здравје. Затоа, бидете сигурни дека редовно спиете седум до осум часа, бидејќи ќе ги избегнете брчките и стресот, и ќе имате повеќе енергија во текот на денот.“
Зелен сок секој ден
„Што повеќе хранливи материи во телото, толку повеќе енергија ќе имате“, објаснува Кумаи, и предлага додавање на спанаќ, кељ и други зелени зеленчуци во вашата дневна исхрана.
Не претерувајте со диетите
„Не јадењето е најлоша работа која можете да ја направите. Наместо тоа, подобро јадете помалку, но храна која е похранлива“, вели Кумаи. „Ќе имате повеќе енергија во текот на денот кога ќе престанете во организмот да внесувате вештачки шеќер преку диеталните газирани пијалоци и хемиски обработена храна.“
Суво четкање на телото
Помага кај лимфната дренажа, детоксикација, отстранување на мртвите клетки и дава енергија.
Пронајдете го внатрешниот мир.
Започнете со јога бидејќи ќе ви помогне да го намалите стресот, а исто така телото ќе го „напоите“ со енергија. „Јогата може да помогне и кај болките, слабата циркулација и води кон подобро снабдување со кислород на мозокот“, вели Кумаи.