И животните имаат тајни. Понекопгаш тие преку телото манифестираат одредени знаци, кои што ние ги толкуваме погрешно.
Погледнете кои се тајни и како звучат доколку за нив зборуваат токму тие, нашите миленичиња:
– Можеби мислите дека е слатко тоа што толку сакам да спијам… Но, можеби тоа е знак дека сум болен.
– Простете што ги го ставам задникот на глава, но мачките со тоа сакаат да покажат дека се чувствуваат сигурно и ве сметаат за мајка.
– Знам дека сакате да ме гушкате, но некогаш имам чувство дека ми влегувате во личниот простор.
– Само затоа што предам, не значи дека сум среќна. Предам и кога ме боли и кога ми е страв, бидејќи тоа е мојот начин да се смирам.
– Доаѓа летото, чувајте ме… Не сакам да се жалам дека асфалтот е премногу жежок и дека шепите ми се горе. Радо би седела на ладно.
– Мрдањето со опашот не е секогаш повик за игра. Ако мавам кон десно, среќен сум, ако е кон лево – страв ми е.
– Тргнете ги ножиците, влакната на стомакот ми се потребни бидејќи ме ладат на лето. Немојте да ме шишате.
– Сите сакаат да си играат со мене. Доста ми е од игри со децата, штом ќе почнам да зевам и да ја движам главата.