НАСА објави фотографија од раѓање на нова ѕвезда

На фотографијата која што ја сними телескопот Hubble се гледа млада ѕвезда под името IRAS 14568-6304, замотана во златна прашина и гас. Околку неа се наоѓа темен регион познат како молекуларен облак. Тој има маса  250 илјади пати поголема од Сонцето, а исполнет е со гас, прашина и други млади ѕвезди.

IRAS 14568-6304 е посебна ѕвезда поради својата „опашка“ под ѕвездата. Тоа е остаток од гас и прашина, која ѕвездата ја земала од својот родителски облак за да се создаде. Иако голем дел од тој материјал ја формира ѕвездаѕа и нејзиниот диск, во еден момент на создавањето, ѕвездата започнала да исфрла дел од материјалот низ вселената со суперсонична брзина.

НАСА е љубител на вселената, па оваа недела не израдува и со фантастично видео на кое се гледа гигантска ерупција на соларниот материјал на Сонцето.

- Реклама -