Ситници на кои што жените „паѓаат“

Иако не може да се каже дека ќе успее кај секоја, според сите бројни анализи овие работи можат да ви донесат добар „улов“. 

Насмевнете се

Мажите знаат дека насмевката на жените ги привлекува, но истото функционира и обратно. Истражувањата покажуваат дека на жените им се многу привлечни мажи кои што се смеат.

Однесувајте се самоуверено

Кога мажите се однесуваат мирно и стабилно, тие им стануваат привлечни на жените бидејќи потсвено добиваат впечаток дека се работи за маж кој што знае да се избори со секоја криза во животот. Навистина делува.

Говорете длабоко и доминантно

На жените им се привлечни мажи кои говорат длабоко и доминантно. Потсвесно ги доживуваат мажествено и сексипилно. Таквите мажи тоа обично и се, но и неретко се склони кон поголем број на партнерки.

Подогната брада

Мажите со подигната брада делуваат самоуверено, но и физички актрактивно. Истражувањата покажуваат дека жените полесно забележуваат мажи кои знаат како да ја држат брадата подигната. Значи, брадата горе!

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Брада од три дена

Мажите со брада од три дена, изгледаат попаметно и друштвено, но и посексипилно, покажува едно истражување, Мислите дека е случајност што многу славни мажи имаат брада од три дена?

Облечете нешто црвено

Црвената боја на облеката открива различни нешта за вас. Ено истражување покажа дека мажите во црвено се многу сексипилни, како и жените. Мажите во црвено потсвесно се доживуваат како богати и моќни, а тоа е привлечни елементи на прв поглед.

Квалитетен сон

Како жените, така и мажите мораат да внимаваат на сонот доколку сакаат да бидат убави и привлечни. Неколку истражувања покажаа дека жените помалку ги привлекуваат мажи кои што изгледаат изморено, исцрпено и неспиено.Наместо лудите забави, наспијте се – ќе имате поголем успех кај жените.

- Реклама -