Виц: Причина за развод

Разговара адвокат со клиентката која што сака да се разведе и ја прашува:

– Пие ли вашиот маж?
– Не, не пие!
– Дrога?
– Ма, не знае тој што е дрога.
– Малку заработува?
– Не, има добра плата, 2.000 евра.
– Ве тепа?
– Не, не му паѓа на памет.
– Не се грижи за децата?
– Супер е. Го обожаваат малите.
– Ве изневерува?
– Не е тој таков.
– Не ви помага по дома?
– Помага, прави многу нешта.
– Па која е тогаш причината госпоѓо?
– Сето тоа тој го прави, ама да го видите со кој израз на лице…

- Реклама -