Втората светска војна е релативно поодамнешен настан, но честопати ни е тешко да прифатиме дека војната се водела на истите улици, по кои што чекориме и денес. Хејли Доерти создаде неверојатна секвенца од слики, комбинирајќи ужасни сцени од војната со истите места денес, снимени од Google Street View.
Момче им честита на американски војници на парадата во Сан Антонио, Тексас на 1 јули 1942г.
Толпа гледа вести на Тајмс Сквер во Њујорк на 6 јуни 1944 година.
Германски војници маршираат по Шанзелизе во Париз, јуни 1940г.
Германци гледаат постер на Сталин во Берлин, 3 јуни 1945.
Мостот што ги поврзува двата дела на Варшавското гето во Полска, година пред војната.
Руски војници трчаат кон Бранденбуршката порта во Берлин, 1945.
Кранови креваат автобус по бомбата во Балк, октомври 1940г.
Луѓето на Шанзелизе по ослободувањето на Париз во август 1944 година.
Германски коњаници на парада пред Триумфалната капија.
На 14 октомври 1940г, при бомбардирањето на Лондон, бомба уништува дел од станица Балк, користена за азил.
Момче посегнува кон татка си, додека канадски војници маршираат во Нов Вестминстер на 1 октомври 1940г.
Преживеан по атомската бомба врз Хирошима, август 1945 год.