Еве зошто треба да живеете заедно пред брак

Многу парови кои се во сериозна врска се прашуваат дали тие треба да живеат заедно пред или по свадбата.

Но, всушност не постои причина зошто треба да чекате додека не стапите во брак.
Еве неколку причини зошто треба почнете да живеете заедно пред свадбата:

Заштедувате пари

Ако уживате во тоа што го делите креветот секоја ноќ тогаш нема никаква смисла да имате два стана и да живеете одвоено. Зошто да фрлате пари повеќе кога со заедничкиот живот може да заштедите? Дури и ако не планирате венчавка во блиска иднина, ќе заштедите пари и ќе можете повеќе да патувате. Освен заштедата, ќе научите како да управувате со заедичкиот буџет и финансии.

Тоа помага подобро да се разберете еден со друг

Долгогодишните излегувања и дружења се една работа, но делењето на ист животен простор е нешто сосема друго. Кога живеете заедно се гледате еден со друг од различни перспективи, ги запознавате секојдневните навики и приметувате некои работи кои порано не би биле во можност да ги приметите. Тука доаѓа и до некои неочекувани ситуации и ќе мора да прифатите некои иритантни навики на пратнерот или партнерката. Ќе научите како да комуницирате во различни ситуации.

Договор околу одговорностите и обврските

Заедничкиот живот е полн со оговорност и обврски. Подобро да се соочите со него пред свадбата. Домашната работа, готвење, перење алишта или садови, плаќањето сметки, купување на потребните намирници, (шетање и хранење доколку имате и домашно милениче)…

Може да ја тестирате вашата врска

Заедничкиот живот е вистински животен тест. Две лица можат да почнат да живеат заедно по долги години поминати во врска и дури тогаш да сфатат дека тие не сакаат да бидат заедно. Во секој случај подобро е и тоа отколку да сфатите откога ќе стапите во брак.

Ќе ви биде позабавно

Ако двајца луѓе се чувствуваат удобно кога тие се заедно, заедничкиот живот може да им биде уште позабавен. Можете заедно да го планирате слободното време, знаете дека некој ве чека дома кога навечер се враќате, имате некого со кого можете да делите сè. А, тука се и малите радости кои секојдневно ги правите еден за друг.

- Реклама -