Џек Хаери од Вајтфиш, Монтана, знаел дека неговата долгогодишна девојка еден ден ќе му стане сопруга уште само по првиот состанок.
Исто така, предвидел дека за потребите на неговите студии во наредните четири години ќе мора многу да патува па затоа одлучил оваа прилика да ја искористи за да креира необично запросување.
Така, тој во секоја држава снимил по едно кратко видео за овој посебен момент кој го планирал со години. Камбоџа, Тајланд, Израел, Кина, Турција итн. се само дел од земјите во кои Џек ја пее песната со која ќе ја запроси својата сопруга.
Само една недела после неговото и дипломирањето на Ребека, тие прославиле со голема семејна вечера, на која Џек им соопштил на присутните дека сака да им покаже нешто што го подготвил за таа прилика.