Повеќето жени мислат дека на лицето треба да имаат многу шминка ако сакаат да им трае цел ден, но тоа не е вистина.
Еден од најдобрите начини да се задржи свежиот изглед на лицето преку целиот ден е да користите правилни призиводи за убавина.
Нема потреба од премногу шминка на лицето, се што ви е потребно се вистинските производи и неколку користни совети:
1. Користете лесна хидратантна крема
Секогаш користете лесна хидратантна крема и важно е да пронајдете крема која вам совршено одговара. Дури и да имате мрсна кожа не треба да ја прескокнете хидратантната крема. Шминката подобро ќе се задржи на вашата кожа доколку е хидратизирана и подобро ќе изгледа.
2. Користете коректор пред подлогата
Повеќето жени нанесуваат коректор по нанесување на подлогата, односно течната пудра. Но, ако сакате шминката да ви трае цел ден, прво нанесете коректор.
3. Користете добра подлога
Подлогата, или пудрата на лицето е клучна ако сакате целодневна шминка. Мора да пронајдете совршена течна пудра или тонирана крема која одговара на вашиот тип на кожа на лицето. И запомнете, доброто не значи и скапо. Многу брендови имаат одлични производи по подостапни цени.
4. Користете четка и сунѓер
Еден од најдобите начини вашата шминка да трае цел ден е да ја нанесете со четка и сунѓерче наместо со вашите прсти. Освен што рацете можат да ви бидат начисти, на прстите секогаш има природни маснотии. Користете четка и сунѓерче за нанесување на сенка, пудра и руменило. Исто така, неопходно е секој производ да одговара на големината на четката или сунѓерот.
5. Купете совршено моливче за очи
Ако купите совршено моливче за очи кое не се размачкува и лесно се нанесува, веќе сте направиле многу. Важно е производот да е добар и да изгледа добро на вашите очни капаци преку целиот ден.
6. Нанесете неутрално руменило на рабовите на очните капаци
Освен што неутралните бои како беж, крем или бела ќе овозможат да изгледате посвежо, и моливчето за очи ќе трае подолго.
7. Нанесете подлога на усните
Пред да нанесете кармин или сјај, на усните нанесете подлога, а тоа може да биде течна пудра, тонирана крема, коректор во крема. Звучи чудно, но помага шминката да биде постабилна и потрајна.