Дали кафето ве поседува?

Ова е едноставен тест да ја проверите вашата зависнот од кафето.

Оние кои го конзумираат повеќе пати во денот, имаат чуство дека не може да им тргне истиот ако не го започан со филџан топло, црно кафе. Миризбата може да ги натера да станат од креветот, а една голтка – да го вкусат денот. Зарем тоа не е зависност?

1. Прва утринска мисла – Се будите од спиење и не помислувате на ништо друго, не сте заинтересирани ниту да зборувате со некого, се додека не го испиете вашето кафе.

2. Колекција на чаши – Имате огромна колекција на интересни чаши кои веројатно само вие ги користите. Обожавате да купувате огромни чаши во кои би го пиеле утринското или попладневното кафе.

3. Цитати – Ги обожавате принтаните маички со цитати за кафето бидејќи вие се препознавате во тие мисли, а вашиот Фејсбук статус често го обновувате со нова мисла за утринското кафе.

4. Кога се прозевате – Всушност вие алармирате дека треба веднаш некој да ви донесе кафе.

5. Денот го завршувате со – Кафе, бидејќи веројатно веќе нема никакво влијание над вас. Дури и да претерате со кофеинот, сепак може да заспиете.

6. Утре е нов ден – Кој секако повторно започнува со кафе. Се разбира, ако се успиете или немате време да се напиете утринско кафе ги одложувате сите обврски за еден час подоцна.

- Реклама -