Откриен нов евтин Nokia смартфон

Nokia наскоро ќе лансира нов евтин смартфон кој ќе работи на оперативниот систем Windows Phone 8.1 но, како што на сите веќе им е познато главниот збор ќе го има Microsoft Mobile кој го превзеде нивниот мобилен оддел. Се работи на нов смартфон откриен на GFX Benchmark сајтот за мерење на перформансите.
Според извештајот од GFX Benchmark во игра е моделот Nokia RM-1027 кој ќе има дисплеј со големина од околу 4 инчи со ниска резолуција од 480 х 800 пиксели, Qualcomm процесор со Adreno 305 GPU графичка карта, 1 GB RAM и 8 GB меморија.
Останите спецификации се уште не се познати но, сосема логично е смартфонот да работи и со две СИМ картички. Според овие информации најверојатно се работи за Nokia Lumia 535 кој ќе ја продолжи највтината понуда во Windows Phone 8.1 сферата со цена од околу 150 долари.
Teкстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk
- Реклама -