Купиле стар кауч за 20 долари, а внатре 40.000 долари

Цимери од Њујорк, биле многу изненадени кога купиле на старо кауч за 20 долари, а во внатрешноста на истиот пронашле 40.000 долари.

Поради тоа што бил многу неудобен, студентите решиле да го отворат, па така го пронашле изненадувањето.

Парите биле скриени по целиот кауч,но со нив имало и потврда за исплата со сите податоци.

Така тие откриле дека парите и припаѓаат на 91-годишна госпоѓа која парите ги чувала во каучот, затоа што не им верувала на банките.

Кога поради скршен колк завршила во болница, нејзините деца во добротворни цели го продале каучот не знаејќи што има во него.

Отакако ги вратиле парите, сопственичката ги наградила со 1.000 долари, за нивната човечност.

- Реклама -