Весникот The Economist објави илустрација од светот според критериумите на рускиот претседател.
Имено, водејќи се според јазичниот империјализам на Владимир Путин, можеме да заклучиме дека светот би бил поделен на неколку региони.
Би оживеало Скандинавското кралство, а Обединета Арабија би се протегала од Атлантикот до Индискиот океан.
„Тука би можело да има расправии меѓу сунитите, шиитите, христијаните и следбениците на архаичните погледи на нацијата. Меѓутоа, обединети, Арапите сигурно би се согласувале, посебно ако обединети ги поразат персиските говорници на другата страна на заливот”, објаснува The Economist.
Индо-Пакистанскиот регион би можел да изроди многу конфликти. Двете нации поседуваат нуклеарно оружје, па би можело да дојде до тензија во овој дел од светот околу доминантниот јазик.
Поранешните империјалисти и колонисти би ја искористиле Путиновата поделба на светот, токму како и Русија.