Американец во необична мисија: Година дена не се капел, а сепак е чист

Американскиот авантурист и еколошки активист Роб Гринфилд (27), минатата година ниту еднаш не влегол во купатило, а сепак, хигиената му одела од рака. Имено, Роб се капел само во природни води: реки, езера, потоци, водопади, па дури и на дожд.  article-2621522-1D9ABFF600000578-888_634x422

Роб вели дека со неговиот необичен начин на живот, сака да ги наведе луѓето да „обратат повеќе внимание на своето опкружување“ а на идејата дошол после велосипедската турнеја низ САД, наменета за промоција на одржување на природните ресурси и еколошкиот начин на живот. Дел од оваа програма било и во текот на тие 100 дена да се капе само во природни води, но, по завршувањето на турнејата одлучил да го продолжи рокот на шест месеци, а потоа и на година дена.

article-2621522-1D9AC10E00000578-796_634x423

Просечен Американец троши околу 378 литри вода дневно, но Гринфилд вели дека тој во просек троши само околу 6 литра на ден и дека тоа е сосема доволно, додека сето останато е чисто расфрлување на драгоцените ресурси.

article-2621522-1D9ABFCE00000578-63_634x423

Американецот бил дел од бројни акции за подигнување на свеста, а една од нив е и хранење исклучиво од канти за отпадоци во рок од една седмица, со цел да укаже на тоа колку е лошо да се фрла храната или да се дозволи да се расипе.

youtube_dumpster_diving_131216_16x9_1600

Својата мисија ја гледа во тоа да ги пробуди луѓето и да предизвика да бидат посвесни за своите постапки во текот на едно обично секојдневие, како при претераната употреба на вода, трошењето на електричната енергија и неконтролираната употреба на хемикалии со кои ги загадуваме и нарушуваме изворите на вода од кои секојдневно се снабдуваме.

article-2621522-1D9AC10200000578-954_634x696

Гринфилд смета дека навистина успеал да докаже дека е можно да се живее и со природен начин на живот, а да се остане чист, и во секој случај многу поздрав отколку кога се јаде брза храна или пак на телото нанесуваме козметики полни со хемикалии.

- Реклама -