Домашен сладолед со портокали

Време е за сладолед, подгответе го овој вкусен десерт и изненадете ги пријателите.

Состојки

200 мл. слатка павлака

200 мл. кисела павлака

6 портокали

100 г. шеќер

1 рендана кора од портокал

Подготовка

Сите шест портокали исцедете ги, додадете во сокот шеќер, киселата павлака и подготвената кора од портокал која треба прво добро да се измие, се вари и се меша тоа во блендер.

Додадете ја во сладоледот. Кога ќе ги соедините сите состојки, на крајот додадете ја и изматената слатка павлака.

По свои избор   можете да ставите чоколадо. На крајот ви останува да го замрзнете и да уживате во овој вкусен десерт.

- Реклама -