Пинокио ​​може да каже само 13 лаги

Пинокио ​​може да каже само 13 лаги пред неговиот нос да стане толку долг и тежок, што ќе му се скрши вратот, утврди британски научник .

За целите на забавните истражување Стефан Љулин од Универзитетот во Лестер почнал да ги пресметува димензиите на главата на Пинокио. Тогаш тој утврдил дека ако бил создаден од даб, тој би тежел малку над 4 килограми, а неговиот нос би бил долг 2,50 сантиметри.

Ако должината на носот се удвојува при секоја лага, тринаесеттата би причинила таков притисок на вратот на куклата, што  тој би се скршил. Истражувачот сфаќа дека способноста на носот на Пинокио ​​да расте е “ексклузивна”. „Но оваа уникатна способност може да создаде сериозен проблем на куклата и долгите лаги не се препорачливи за здравјето и благосостојбата на Пинокио”, додава тој.

Анализата на омилениот лик на децата  е објавен во изданието Journal of Interdisciplinary Science Topics каде можат да се најдат бројни  забавни, но прецизни истражувања, направени од страна на студентите.

Можеби и не е случајно што  во оригиналната  приказна напишана од италијанскиот автор во 1883 година, куклата лаже само три пати.

- Реклама -