Еве ви уште една причина да не пиете морска вода. Не дека сте имале потреба од таква. Дејвид Литшвагер, познат фотограф, направил многу морски фотографии за National Geographic, но најновото е тоа што успеал да сними микрофауната во една капка морска вода.
Зголемувајќи ја водата 25 пати, тој покажува дека нејзиниот солен вкус не е само сол – во неа има бактерии, црви, јајца на риби, ларви на рак и цел куп други животинки. Интересно.