10 причини зошто ви е потрено ова мулти-функционално парче мебел

Постојат столици, постојат табуретки, и постојат маси… но, дали некогаш сте го земале во предвид фактот дека постои парче мебел кое може да биде сите од овие работи одеднаш?

Станува збор за коцка столче/табуретка- класична квадратна кутија од многу големини и материјали кое може да биде повеќе од едно нешто во вашиот дом.

иако коцката е исклучително разновидна, и навистина може да послужи како било која функција која ја сакате или ви треба, тука може да погледнете само десет начини на кои може да се искористи коцката во вашиот простор.

Коцките додаваат боја

Бидејќи тие имаат тенденција да бидат помали од другите делови на мебел, коцките служат како одличен извор на боја. Не премногу големи и не премногу меки, тие можат да го „зачинат“ неутралниот простор со леснотија.

Коцките додаваат геометриска структура

Во простор каде линиите одат во сите насоки, дрвените коцки додаваат прекрасно чувство на рамнотежа и структура на просторот во целина.

Коцките се користат како табуретки

Повлечете коцка до вашиот стол или фотеља, и сте добиле фантастична табуретка за вашите нозе.

Коцките додаваат различност во големината

Често може да се најде во дневната соба, коцките ја задржуваат рамнотежата на сите правилни работи во големина на мебелот. Каде што има поголем мебел (тросед, маса), коцките можат да помогнат да не изгледаат премногу големи.

Обезбедува место за складирање работи

Оваа практична коцка може да обезбеди дури и повеќе флексибилност во складирањето.

Коцките додаваат дизајн

Иако дефинитивно во мала доза, шарените коцки тука носат хоризонтално-линеарен дизајн во просторот.

Коцките додаваат текстура

Текстурата не недостасува во овој прекрасен влез, но коцките обезбедуваат малку мекост кое инаку недостасува на текстурата.

Коцките служат како мали маси

Мала маса, маса за кафе… било која маса, навистина, може да биде заменета од коцките. Спојте неколку коцки кои се идентични по големина за да создадете поголема маса.

Коцките обезбедуваат скриени места за седење

Складирајте пар коцки под масата, и извадете ги кога ќе имате потреба од екстра седишта.

Коцките прават луксузно место за седење под тушот

Ова не е баш коцка, но идејата е иста. Ставете коцка за седење под вашиот туш, и топлата вода никогаш нема да ви изгледа толку релаксирачки.

- Реклама -