За да го подготвите овој рецепт, потребни ви се:
Крем
7 белки
1 лажица оцет
Шербет
300 г. шеќер
100 мл. вода
И уште:
150 г. плазма
100 мл. сок од портокал
Подготовка
Белката се става во сад, се додава оцет и се мати цврста смеса.
Се подготвува шербет и топол се сипува во заматените белки. Се мати на најсилна брзина 10 минути. Во тепсија се реди плазмата потопена во сок од портокал. Одозгора се нанесуваат изматените белки, се сече и декорира со со чоколадни троошки. Се става да се олади во ладилник.