Пет совети за пролетното чистење на домот кои секој треба да ги проба

Со помош на неколку едноставни и корисни совети, ќе си го олесните пролетното чистење кое е потребно на вашиот дом.
Наместо непотребно да страдате заради конвенционалните методи на чистење, пробајте ги овие неколку трикови кои ќе ја направат работата многу полесна.

Користете Кока-Кола за чистење на тоалетот

Еден од состојките кои се наоѓаат во Кока-Колата е сода бикарбона, а станува збор за алкални супстанци кои можат многу да помогнат во чистењето. Ве загрижува оној тврдокорен бигор на дното на ВЦ-школката кој не можете да го изрибате со четка? Ставете во школката Кока-Кола која без проблем ќе ја заврши работата за вас.

Исчистете ја бањата со лимон

Поради големата содржина на киселина, лимоно има моќен антибактериски ефект. Со него можете да ги уништите бактериите во домаќинството, твдри Џули Еделман, автор на книгата „The Accidental Housewife: How to Overcome Housekeeping Hysteria One Task at a Time“.

Но, лимонот може да ги отстрани и дамките од вода на металните површини. Наместо металните рачки за крпи, цевки и други слични предмети во бањата ги третирате со абразивни сретства, за нивно чистење користите лимон. Соко од 5-6 лимони ставете го во некој празно спреј-шише и со него попрскајте сè што сакате да исчистите. Лимонската киселина го разградува бигорот и нечистотијата. Освен тоа делува и антибактериски и антисептички.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Рерната нека свети

За оддржување на чиста рерна, во тава за печење ставете вода. Загрејте ја рерната на 230 степени и оставете 20 минути, за пареата да ги омекне нечистотиите и маснотиите. Кога рерната ќе се излади, пребришете ја површината.

Исчистете ги фотељите и столовите без правосмукалка

Селотејпот е подобро сретство за чистење од правосмукалка. Совршен е за собирање на влакна од домашните миленици, а методот е брз и едноставен. Селотејпот добро ќе ви се најде и во чистењето на седиштата во автомобилот, а не само во вашиот дом.

Хартијата од весник не е за чистење на прозорци

Не ги мијте прозорците за време на сончевите денови бидејќи премногу брзо ќе се исушат и ќе остават дамки на стаклото. Прозорците чистете ги кога е облачно: прво рамката на прозорецот, а потоа стаклото. Може да користите четка или правосмукалка за да ја исчистите прашината од прозорецот. Додека некои препорачуваат користење на хартија од весник за чистење на прозорци, тоа може да остави несакани траги. Препорачуваме да се држите до микрофибер крпите.

- Реклама -