Се чини дека постои „таен“ метод да се пие алкохол без притоа да се опијаните. Се што треба да направите е да јадете малку квасец пред да се здружите со чашата. Да, сериозно. Вооружете го вашиот стомак со по една супена лажица квасец за секое пиво што планирате да го испиете, и ќе бидете во состојба безбедно да локате цела вечер, без ризикот од тоа да се однесувате како будала.
Советот доаѓа од Џим Кош, познат од рекламите за пивскиот бренд Sam Adams. За Esquire, тој изјави дека трикот го научил од негов пријател – професионален пиваџија, кој притоа има и докторат по хемија. Според него, сувиот квасец содржи ензим наречен ADH, кој е способен да ги разложува молекулите на алкохолот на нивните составни елементи – јаглерод, водород и кислород. Истиот процес се случува кога телото го метаболизира алкохолот во црниот дроб. Така, ако дополнително го имате овој ензим и во стомакот кога ќе надојде алкохолот, тој ќе почне да го разложува, пред неговите молекули да бидат апсорбирани во крвотокот, а со тоа и мозокот.
Квасецот ќе помогне да се намали ефектот од алкохолот и ќе го помогне работењето на црниот дроб. Во превод, ќе можете повеќе да пиете.
А ако се прашувате зошто некој би пиел а не би сакал да се опие, еве неколку очигледни примери: деловна прослава со колегите, свадба на ќерката или синот, ваша свадба, прв состанок, ако едноставно уживате во вкусот на алкохолот или за да добиете облог.
На здравје!