Доколку имате помал простор предвиден за кујна, тоа не значи дека таа треба да биде преоптоварена и нефункционална. Со овие совети лесно ќе ја претворите во вистинска мала оаза каде непречено ќе готвите и уживате.
1. Белата боја е вашиот најдобар пријател во мала кујна, затоа што ја одразува светлината, а таа го зајакнува чувството на просторот и се чини дека ѕидовите се пооддалечени отколку што навистина се. Кога ги боите ѕидовите спојте ги со таванот и на него исто така нанасете бела боја за уште подобар впечаток на зголемување на просторот. Ако се плашите дека се ќе изгледа стерилно, одберете неколку нијанси на бела и комбинирајте констрастна текстура.
2. Бирајте слични тонови за кујната, ѕидовите, подовите и други детали. Кога ќе поминете со погледот по просторијата во која се е во слични нијанси, се чини дека на тоа нема крај. Така повторно ќе добиете впечаток на поголем простор.
3. Уште еден трик за просторот да го направите визуелно поголем е вратичките на горните плакари да ги замените со стаклени. Така ќе добиете длабочина и наизглед поголем простор.
4. Осветлувањето е клучно за малите простори. Секако, најдобро е да имате што повеќе природна светлина, но важно е да распоредите мали ламби, халогенки во комбинација со лустери, за кујната секогаш да делува светло и пространо. Исто така, обидете се да ставите што помали завеси или уште подобро, немојте да ги ставате воопшто за светлото полесно да влезе во кујната.
5. Внимателно избирајте го мебелот. Масата и столиците нека бидат со едноставна линија и од на пример, метални делови, без додатоци.
6. Спојте ја кујната со другите простории. Отворениот тип на соба за дневен престој, кујна и трпезарија е идеален за малите кујни, затоа што таа ќе се припои со поголемиот простор и автоматски ќе изгледа поголема. Доколку урнете половина ѕид, ќе добиете поголем простор.
7. Во помалите кујни работните површини обично се затрупани со апарати затоа што за нив нема место во некој друг дел од кујната. Исфрлете ги сите апарати кои не ги користите и така ќе го добиете неопходното место за подготвување на храната и готвењето.