Вкусен домашен пијалок кој ќе ги наполни вашите батерии

Доколку лошото време ви ги расипа планивите за овој викенд да одите на планинарење, возење точак или спортување во природа, не се откажувајте. Наместо веднаш да го започнете филмскиот викенд-маратон, пригответе си го овој енергетски пијалок кој истовремено претставува вистинска витаминска бомба, пуштете си некое видео за вежбање (на пример ова), и продолжете ја борбата против вишокот килограми во домашна атмосфера.

Рецептот за овој здрав, нискокалоричен и вкусен пијалок е следниот:

Состојки:

– 1,5 до 2 чаши студена филтрирана вода
– 6 шолји исечкан спанаќ
– 5 шолји исечкана зелена салата
– 2 целери
– 1 излупено и исечкано јаболко
– 1 излупена и исечкана круша
– 1 банана
– 1 до 2 кафени лажички сок од лимон

IMG_1870-660

Подготовка:

1. Измијте го и излупете го овошјето.

2. Ставете вода во блендер и додадете ја салатата и спанаќот. Вклучете го блендерот на минимална брзина и матете додека состојките не се соединат. Постепено зголемувајте ја брзината и додадете ги останатите состојки. Бананата и лимонот додадете ги последни.

Добиената смеса е доволна за четири големи чаши.

Совет:

При подготовката можете да додадете мраз и половина шолја магдонос.

- Реклама -