Ново британско истражување покажува дека жените кои имаат широки колкови имаат повеќе сексуални партнери и почесто имаат секс за една ноќ.
Во истражувањето учествувале 148 жени на возраст меѓу 18 и 26 години, на кои им бил измерен обемот на колковите во најшироката точка и половината на најтесното место. Сите жени имале барем по еден сексуален партнер. Учесничките имале задача да пополнат прашалник за сексуалниот живот, возраста на која ја изгубиле невиноста, бројот на сексуалните партнери, како и емоционално најзначајните сексуални односи.
Жените кои повеќе пати имале секс за една ноќ, имаат широки колкови, утврдиле научниците од Универзитетот во Лидс. Поконкретно, жените кои имаат секс за една ноќ, во три од вкупно четири сексуални чина имаат колкови со најмалку 2 см пошироки од оние на жените кои помалку или воопшто не ја практикувале оваа активност.
Жените со широки колкови имаат повеќе сексуални партнери, бидејќи процесот на раѓање обично е полесен и помалку трауматичен кај нив, за разлика од жените со помали колкови (под 31 см), смета раководителот на истражувањето професорот Колин Хендри.
„Ширината на колкот кај една жена има директно влијание врз ризикот од можна смртоносна повреда поврзана со раѓањето. Кога жените имаат контрола врз сопствената сексуална активност, овој ризик се одразува на нивното однесување. Затоа, сексуална активност кај жените може да се процени на овој начин”, вели тој.
Научниците ги дефинираат колковите како широки, ако се над 36 сантиметри. Тесни се колковите под 31 см. Ова е растојанието помеѓу надворешниот раб на горната коска на карлицата и најширокиот дел на бедрената коска, по дожина.