Кога пред лчичноста која не ја говори вистината ќе ја поставите оваа софистицирана загатка, таа е приморана да донесе вонредна одлука.Американски психијатар оваа техника ја применил на своите деца, тогаш кога се сомневал во нивната искреност.
Пример: Сакав да знам што правел мојот син минатата вечер.
Психијатар: каде беше синоќа?
Син: Како и секогаш, со пријателите.
Психијатар: Како се забавувате?
Син: Хм, па ништо специјално, бевме во кино, а потоа кај Марко.
Психијатар: Кога почна филмот?
Син: Во седум
Психијатар: Слушав вести во 20 часот дека некој активирал против пожарен аларм во киното и дека филмот бил прекинат на половина. Кога провериле пожарникарите, ве вратиле во киното за да го догледате филмот.
Психијатарот му „фрлил ракавица“ на синот: ако не бил во кино ќе мора да започне да глуми.
Погледнете како продожил разговорот:
Психијатар: Би бил лут ако мене ми се случеше тоа.
Синот: Што? Не сум слушнал никаков аларм.
Психијатар: Тогаш јас лошо сум слушнал нешто.
Заклучил дека син му сепак, ја говори вистината.