Сатурн ќе добие нова месечина?

„Касини” откри дека во системот на прстените на Сатурн се формира нова месечина. Таа ќе биде во орбитата на Сатурн, а научниците веќе и подготвиле и име – Пеги.

Сатурн засега  има 62 месечини, како и најмасовните прстени меѓу планетите во Сончевиот систем, кои се состојат главно од мраз и камени парчиња.

„Не сме виделе вакво нешто пред тоа. Гледаме процес на раѓање, при што објектот ги напушта прстените и почнува  да постои самостојно “, вели астрономот Карл Мареј.

Научниците тврдат дека новата месечина се формира премногу блиску до Сатурн, па постои веројатност по одредено време да се распадне.

Прочитајте и:  На „темната страна“ на Месечината имало активни вулкани
- Реклама -