Дали знаете дека „чукни во дрво“ не е одлика исклучиво на Балканските народи. Дали знаете зошто воопшто чукаме во дрво?
Европјаните и жителите на Северна Америка чукаат во дрво штом ќе изговорат некоја реченица која што ја предизвикува судбината.
Во дрво се тропа за да се истераат злите духови кои се наоѓаат во него, според паганските верувања.
Келтите сметале дека во стеблата на дрвјата живеат древните богови и духови, кои имаат моќ да прислушкуваат што се зборува.
Според друга приказна, паганите ги сакале духовите од дрвјата, па за среќа двете раце ги ставале на дрвото, што подоцна прераснало во „Тропкање за среќа“.