Виц: Ѓаволче со куферче

Слетело едно ѓаволче во Њу Јорк и почнало да се дере:
– Јас сум ѓаволче, носам куферче и дојов да крадам!
Одма дотрчало обезбедувањето  и му кажало:
– Овде не можеш да крадеш, немаш виза. Иди во Русија.

Отишло ѓаволчето во Русија, слетело од авион и почнало да се дере:
– Јас сум ѓаволче, носам куферче и дојдов да крадам!

Дотрчале русите и му рекле:

– Овде не можеш да крадеш, Путин одма ќе те фати. Иди во Германија.

Отишло ѓаволчето во Германија, слетело од авион и почнало да се дере:
– Јас сум ѓаволче, носам куферче и дојдов  да крадам!
Дошле  полицајци и му рекле:
– Овде не можеш да крадеш, одма ќе те уапсиме. Туку  слушај, има една мала земја на Балканот, се вика Македонија. Таму  сите крадат  и никој не лежи во  затвор. Иди таму.

Се уморило  ѓаволчето од путување, ама конечно слетало  на аеродром во  Скопје, излегло  од авион и почнало да се дере:
– Ја сум ѓаволче, имам… имам… абе каде  ми е куферчето?!

- Реклама -