Заедничкиот живот пред брак: Меч со две острици

Во вр­ска сте ве­ќе не­кое вре­ме, сѐ те­че ка­ко под­мач­ка­но и уживате во времето поминато со  парт­не­рот. Се­ка­ко, по­не­ко­гаш мо­жат да из­би­јат и конф­ли­кти, но тој ќе ве по­ба­ра на те­ле­фон и си­ту­а­ци­ја­та ќе се из­маз­ни. Но, ка­ко ќе би­де ко­га ќе жи­ве­е­те за­ед­но? Ту­ка се пла­ќа­ње­то сме­тки, не­чи­ста­та об­ле­ка и не­из­ми­е­ни­те са­до­ви.

За­ед­нич­ки­от жи­вот пред брак е ко­неч­ни­от тест. Мо­же ли ва­ша­та вр­ска да ги пре­бро­ди и не та­ка до­бри­те си­ту­а­ции? Кол­ку сте под­го­тве­ни да се рас­пра­ва­те за не­чи­сти­те са­до­ви или об­ле­ка? Во те­кот на за­ед­нич­ки­от жи­вот, ва­ша­та љу­бов на­ви­сти­на ќе би­де ста­ве­на на тест. До­кол­ку по­стои ед­на­ква за­ем­на љу­бов и во си­ту­а­ции во кои сѐ не се све­ду­ва на за­ба­ва, ќе би­де­те пот­пол­но под­го­тве­ни за брак.

couple-painting-700x352

Бројот на двојки кои се одлучуваат на ваков чекор значајно е зголемен во последните десетина години. Меѓутоа, значи ли тоа дека овие парови мора нужно да останат заедно?

Заедничкиот живот за многу парови е како тест брак, бидејќи на тој начин учат навистина да ги решаваат проблемите и да се грижат за обврските, да ги делат домашните обврски и да поминуваат квалитетно време со партнерот. Она што луѓето најмногу ги привлекува кон заедничкиот живот пред брак е проверката на врската, при што лесно можат да ја раскинат ако не функционира, што не е случај со бракот – велат истражувачите.

Добра страна е што овој живот нуди време и простор за вас двајца. Живеењето заедно ви овозможува простор за романса, каква што не сте имале порано. Но, исто така, постои ризик и да си здодеете еден на друг. Со оглед на тоа што ќе се гледате секој ден и секоја ноќ, ќе мора да смислите некоја стратегија со која ќе успеете да ја заштитите врската од здодевност.

pic-brak1

Се чини дека делењето трошоци во време на криза е паметно решение, бидејќи колкумина од нас можат сами да отплаќаат кредит или станарина? Освен тоа, општоприфатен е ставот дека е паметно да се „тестира“ заедничката врска живеејќи пред брак за да провериме дали можеме да го поднесеме заедничкиот живот: утринскиот здив, перењето облека, сите оние досадни навики…

Воопшто не зачудуваат резултатите од американското истражување од 2001 година според кое две третини од дваесет годишните испитаници веруваат дека заедничкото живеење е добар начин да се избегне разводот. Меѓутоа, психолозите тврдат дека не мора да е така. Скорешните истражувања покажуваат дека паровите кои живеат заедно пред брак најверојатно ќе се разведат по венчавката. Исто така се покажало дека паровите кои живееле заедно пред брак имаат понизок степен на задоволство во бракот. Главното прашање е зошто е тоа така?

v285436p00

Психолозите тврдат дека дел од проблемот произлегува од фактот дека мажите и жените имаат различни причини за заеднички живот. Жените се согласуваат на заеднички живот бидејќи сметаат дека тоа е чекорот до стапување во брак. Психологот Хелен Најтингејл објаснува дека и покрај тоа, жените сакаат избраникот да ги побара за жена и да им каже дека ќе се грижи за нив. За мажите заедничкиот живот е начин да го одложат клучниот момент од животот,бидејќи не се сигурни што сакаат. Подоцна се согласуваат на брак,но неретко тоа го прават од мрзливост.

Студијата објавена во списанието Journal of Family Psychology открива дека 19% од паровите кои живееле заедно завршиле со развод во споредба со 12% од паровите кои живееле заедно по венчавката. Водителката на истражувањето Галена Роадес од Универзитетот во Денвер вели дека некои парови стапуваат во брак само затоа што живеат заедно. Накратко, најчесто луѓето сами „упаѓаат“ во брак наместо активно да ја изберат таа активност.

Психологот Џенис Милер ги забележува последиците од тоа недоразбирање во нејзината секојдневна пракса.

„Гледам дека многу парови кои се заедно по 4-5 години наидуваат на тешкотии. Но, наместо да се запрашаат дали нивните проблеми се знаци дека нешто не е во ред со нив, тие се венчаат со надеж дека со волшебно стапче проблемите ќе се решат. Проблемот е во тоа што станарското право, кредитот или пак желбата за деца се лоша причина за стапување во брак“ – вели психологот.

„Во брак треба да стапите бидејќи сакате да го поминете остатокот од вашиот живот со таа личност. Таа одлука не треба да има никаква финансиска ниту практична врска“ – вели брачниот советник и автор на книгата „Доктор за развод“, Френсин Кеј.

zoshto-ne-e-dobar-zaednichkiot-zhivot-pred-brak-87819

„Ова е време во кое не постои притисок од општеството дека треба да се венчате, па затоа е многу неодговорно да влетате во брак од практични причини. Тоа го прави бракот фарса, а тој треба да е чин на посветеност“ -вели докторката.

„Мажите често велат дека жените им дозволувале да излегуваат и да се занимаваат со своите работи додека биле во врска, но дека по венчавката се смениле и имале други барања. А од жените слушам дека мажите се неодговорни и дека сакаат да продолжат со својот живот како ништо да не се променило, дури и кога ќе станат родители. Однесувањето кое е подносливо во вонбрачната заедница одеднаш станува неподносливо бидејќи сфаќате дека мора да живеете со тоа“- вели адвокатот Ванеса Лој Плат.

Сепак, не живеете ли во заедничко домаќинство пред брак, не значи дека во брачната заедница ќе ви биде полесно. Тоа само значи дека паровите кои го испробале заедничкиот живот мораат повеќе да се трудат бракот да им успее.

- Реклама -